Еден од најпознатите математичари во светот покажа како ја решил 160 години старата Риманова хипотеза и доколку неговото решение биде потврдено, тој ќе добие парична награда од еден милион долари.
Британско-либанскиот математичар Мајкл Атија, кој ги има добиено двете најголеми награди за математика - Филдсовиот медал и Абеловата награда - во понеделникот ја презентира својата работа на собир во Хајделберг, Германија.
Решението на Атија ќе треба да биде проверено од страна на други математичари, а потоа да биде објавено, пред да биде целосно прифатено и потоа тој ќе може да си ја земе наградата од Математичкиот институт „Клеј“ во Кембриџ.
Римановата хипотеза е една од седумте нерешени „Милениумски проблеми“ од институтот, а секое лице што ќе реши некој проблем ќе добие милион долари. Хипотезата е поврзана со делење прости броеви, кои не можат да се делат ниту со еден цел број освен со самиот себе и со бројот еден.
Атија користи радикално нов пристап и според неговото објаснување, тој мисли дека успеал да го реши
проблемот.