X
 25.11.2021 Култура

Христo Петрески добитник на поетската награда „Kараманов 2021“

Христо Петрески е добитник на годинашната награда „Караманов 2021“ за најдобра необјавена поетска книга од македонски автор. Петрески беше награден за неговото дело „Пeргамент“  Комисијата на 49. издание на манифестацијата „Караманови средби на поезијата“ се одлучи светската награда за поезија да ѝ ја додели на италијанската поетеса Клаудија Пичино.

На анонимниот конкурс за наградата „Караманов 2021“ оваа година се јавиле 40 поети со 40 необјавени поетски ракописи, а се истакнале ракописите „Пергамент“ од Христо Петрески и „Зборови од хартија“ од Милчо Мисоски, за на крај жирито да се одлучи за „Пергамент“.

- Во „Пергамент“ Петрески прави еден возбудлив мост што се извива од пракарпите на старото семе, при што не се знае точно кој нè засеал и засадил, или пресадил, но тој точно го утврдува растежот и родот низ вековите и токму во зборот на нашите поетски великани Блаже Конески, Анте Поповски и Гане Тодоровски ја наоѓа поткрепата дека ќе раснеме и преку небиднината - велат од комисијата.

извор: Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш 


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура