X
 04.04.2019 Наука

Едноставен математички проблем што со децении ги мачел математичарите доби ново решение

Математичар од Велика Британија го пронашол претпоследното решение за математички проблем што со векови го збунуваше светот.

Истражувачот Ендрју Букер, кој студира математика на Универзитетот во Бристол, открил ново решение за познатата равенка на Диофант што вклучува суми на три броја на куб.

Проблемот, кој ги збунувал математичарите со векови, датира од времето на хелинистичкиот математичар Диофант од Александрија. Тој живеел во 3 век од н.е. и се смета за „татко на алгебрата“ поради неговата рана работа на алгебарски и полиномични равенки - иако сродните форми датираат многу подолго од тоа, од античката вавилонска математика пред илјадници години.

Кој бил проблемот?

x3 + y3 + z3 = k

 

Во равенката имаме три различни броја, од кои секој е на куб. Кога ќе ги додадете сите, тие се еднакви на различен број што се нарекува „k“.

Постојат многу различни решенија за овој број, во зависност од тоа што е „k“, но не е секогаш лесно да се пресмета. Додека некои (мали) вредности за „k“ се лесни за решавање, понекогаш поголемите броеви не се.

Ова одлично видео од математичарот Тим Браунинг е забавен вовед за бројните проблеми.



Бидејќи проблемот може да стане толку тежок, математичарите почнале да користат компјутери за решавање на задачата уште во 50-тите години. Но, проблемот е толку тежок што дури и компјутерите имаат проблем да го решат.

Колку тешко?

Пред неколку години еден француски математичар ја решил равенката за k = 74, меѓутоа, за решавањето биле потребни 105 часа работа на компјутер. Ова решение на равенката помогнало во целосното решавање, па така останале само два броја под 100 што никогаш не биле решени. Минатиот месец Букер успеал да го објави неговото решение и со тоа да го реши k = 33.

Еве како изгледа првото познато решение за k = 33:

33 = 8,866,128,975,287,5283 +(−8,778,405,442,862,239)3 +(−2,736,111,468,807,040)3

Сега останува проблемот k = 42 што никогаш не бил решен и ова е последниот број под 100.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука