X
 25.09.2020 Живот

Дејвид Атенборо отвори профил на „Инстаграм“ за да предупреди дека светот е во неволја

Сер Дејвид Атенборо отвори профил на „Инстаграм“. Тој смета дека оваа социјална мрежа ќе му помогне побрзо да ја прошири неговата порака за животната средина.

- Го правам овој потег затоа што, како што сите знаеме, светот е во неволја - вели тој во својата прва видеопорака на „Инстаграм“.

- Континентите горат. Глечерите се топат. Коралните гребени умираат. Листата продолжува и продолжува - вели Атенборо.

За еден час од неговата објава тој веќе имаше над 200.000 следбеници, а до 17.00 часот имаше над 1,2 милион следбеници.

View this post on Instagram

David Attenborough has spent a lifetime travelling, exploring the wild places of our planet and documenting the living world in all its variety and wonder. He’s also witnessed the damaged caused. Saving our planet is now a communications challenge. We know what to do, we just need the will. That’s why we want to share this message on Instagram. Because there is hope and together, we can inspire change. Social media isn’t David’s usual habitat so while he’s recorded messages solely for Instagram, like the one in this post, we're helping to run this account. In case you’re wondering, ‘we’ are Jonnie and Colin and we worked with David on A Life On Our Planet. So, as well as sharing the messages he’s recorded especially for this account we’ll also post some exclusive clips and behind the scenes content. Stay tuned.

A post shared by A Life On Our Planet (@davidattenborough) on


Тенисерот сер Енди Мареј и тренерот Џо Викс се меѓу оние што му посветија порака за добредојде.

Сер Дејвид вели дека ќе ја користи платформата за споделување видеа со објаснување за тоа кои се проблемите и како можеме да се справиме со нив.

Завршувајќи во пораката, 94-годишниот научник ги покани гледачите да му се придружат.

Дебито на Дејвид на „Инстаграм“ претходи на објавувањето на неговата најнова книга и документарецот на „Нетфликс“ со ист наслов - „Живот на нашата планета“. Во филмот тој раскажува за неговата кариера и падот на животната средина и биодиверзитетот на планетата што ги забележал од прва рака.



Извор: BBC
Фото: Screenshot/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот