X
 19.05.2015 Наука

Последната порака до јавноста од Карл Сејган

Сè до крајот на својот живот, Карл Сејган (1934-1996) го правел она што го правел уште од почетокот - популаризирање на науката и носење на чудата на универзумот до милиони луѓе пред телевизиите или книгите. Кога и да се појавел во американска телевизиска емисија, Сејган гостувал со цел да се поврзе со секојдневниот човек - човекот кој не чита научни списанија и книги, и да го зголеми разбирањето на јавноста на науката.


На крајот на својот живот, Сејган сè уште се грижел за местото на науката во мислата на народот. Додека ја губел битката со смртоносна болест, Сејган чувствувал дека научната мисла губи тло во Америка, а уште повеќе во Конгресот.

За време на своето последно интервју (објавено на 27 мај во 1996), Сејган испратил значајна порака до јавноста:

- Имаме општество основано на наука и технологија во кое никој не разбира ништо за науката и технологијата, а оваа комбинација од игнорантност и моќ порано или подоцна ќе ни експлодира во лицето. Мислам, кој ги води науката и технологијата во демократија каде луѓето не знаат ништо за нив.

20 години подоцна, лица како Нил Деграс Тајсон и Бил Нај ќе ја продолжат мисијата на Сејган, а тоа е промоција на науката со новите облици на медиумите.

Меѓутоа, истиот проблем останува и денес. Но, има и надеж бидејќи мислењето и ставот на јавноста се менува, иако политичарите продолжуваат по старо.

Во продолжение погледнете го целото негово последно интервју.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука