Замокот нуди поглед кон селото Бурсен, кое се наоѓа помеѓу Женева и Лозана, а нуди и поглед кон Мон Блан и езерото Леман.
Во замокот има 10 спални соби и осум бањи, а неговата површина изнесува 2.656 квадратни метри.
Фото: Screenshot/Youtube
Во дворец има импресивно украсена трпезарија, со готски камин и под од теракота, и може да прими до 60 гости. Можете да уживате во прекрасното вино, со оглед на тоа што има 4,5 хектари лозови насади, како и винарска визба за чување и дегустација на вино.
Дворецот нуди и простор за одмор и релаксација, вклучително и приватен спа-центар со турска бања, базен, маси за масажа и лежалки.
Дворецот ќе биде даден на аукција на 7 октомври, а ќе се прифаќаат понуди од цел свет.
Фото: Screenshot/YouTube