X
 20.12.2019 Живот

За 55 долари можете да купите дел од дворец во Франција, но ќе го делите со 1.700 луѓе

Замокот Вибреис стана вистинска атракција поради пристапната цена за негово купување. Сепак, постојат неколку услови.

Имено, можете да го купите замокот, и тоа за само 55 долари. Но, не можете да го купите целиот, туку само негов дел и така да станете косопственик на остатокот од дворецот што некогаш бил резиденција на средновековната елита во Франција.

Станува збор за замокот Вибреис, кој се наоѓа во регионот Гранд Коњак и кој всушност е рушевина. Засега има повеќе од 1.700 косопственици, кои заедно дале над 175.000 евра.

За да се обнови замокот, потребни се милион и 240 илјади евра, а секој што ќе вложи во него се води како негов косопственик, еден дел од него се нарекува по името на сопственикот и може да одлучува за иднината на замокот.

Освен реставрирање на замокот, се планира да се искористи и неговото плодно земјиште за одгледување органски производи, а приходот од продажбата би отишол кај сопствениците.

Замокот бил откриен пред неколку месеци, а напуштен е повеќе од 100 години. Бил изграден во 9 век.

Во ренесансата 150 години бил во сопствеништво на благородното семејство Мареил, а потоа неколку пати се менувале сопствениците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот