Еве кои СФ, хорор и фантастични филмови со нетрпение ги чекаме во 2018 година
Годината што е пред нас ќе донесе – веруваме и го посакуваме тоа – неколку добри и возбудливи филмски наслови во кои ќе уживаме. Еве неколку што заслужуваат внимание:
Alita: Battle Angel
Џејмс Камерон на оваа драма, базирана на серијал од манга-стрипови за киборг кој страда од амнезија, работел поголемиот дел од последните дваесет години. Но сега веќе затрупан со безбројните продолженија на „Аватар“, режисерската палка за овој филм ја презеде Роберт Родригез.
Annihilation
По одличниот филм
Ex machina, режисерот Алекс Гарланд доаѓа со ново дело. Во овој филм Натали Портман игра биолог кој заминува во карантински одделениот дел од САД, каде што се забележани паранормални случувања. Филмот се темели врз книгите од Џеф Вандермеерс од серијалот
Southern Reach.
A Wrinkle in Time
Крис Пајн, Зак Галифианакис и Опра Винфри во семејниот филм на режисерката Ејва Дјувернеј тргнуваат во авантура за спасување на таткото, кој се наоѓа на оддалечен вонземен свет. Иако се работи за СФ на „Дизни“, филмот заслужува да добие шанса.
Captive State
Како би реагирало човештвото на окупација од вонземјани? Темата не е нова, но имајте на ум дека режисер на ова филмско остварување е Руперт Вајат, кој е „одговорен“ за новото издание на серијалот
Planet of the Apes. Очекуваме повеќе суптилна човечка драма и општествен коментар, а помалку експлозии и трки.
Halloween
Да, уште еднаш Ноќта на вештерките. Сепак, не судете однапред за овој филм. Џејми Ли Кертис наводно се враќа заради конечна пресметка со Мајкл Маерс, а филмот е најавен како последен дел од оваа растегната сага. Режисер на филмот е Дејвид Гордон Грин.
Hold the Dark
Експерт за волци е повикан во зафрлениот дел на Алјаска откако повеќе деца настрадале во нападите. Истрагата ќе открие тајна поради која волците ќе станат помалиот проблем. Наводно интригантниот психолошки трилер е во режија на Џереми Солние, кој го режира и филмот
Green Room. Во главните улоги настапуваат Рајли Киоу (внука на Елвис Присли), Џефри Рајт и Александер Скарсгард.
Mortal Engines
Режисерскиот првенец на волшебникот за сценски ефекти Кристијан Риверс е епска дистрописка приказна базирана на новелите од Филип Рив и сценарио на кое се потпишуваат Питер Џексон, Филип Боенс и Френ Волш. Да, истото трио ги напиша трилогиите
Lord of the Rings и
Hobbit. Дејството се врти околу постапокалиптичниот стимпанк на светот во кој огромни машини се борат за ресурси.
Mute
Александер Скарсгард е нем бармен во Берлин кој повеќе личи на град од
Blade Runner отколку на своето сегашно издание. Потрагата по исчезнатата девојка ќе го одведе во одисеја на работ на градското подземје, каде што ќе се сретне со Пол Рад и Џастин Теру. Режисер на овој филм е Данкан Џонс (
Source Code,
Warcraft,
Mon)
New Mutants
Новото издание на серијалот
X-Men би требало да биде значително посмирено од претходните. Пет млади мутанти се држат во сомнителен владин објект. Во еден момент работите стануваат застрашувачки. Режија: Џош Бун.
Predator
Шејн Блек глумеше и во култниот изворен филм со ист наслов. Сега се враќа како сценарист и режисер на новото издание, откако го заврши филмот
Iron Man 3. Во главните улоги настапуваат Оливија Ман, Џејкоб Трембли и Ивон Страховски.