X
 25.10.2022 Економија

Инфлацијата е најголема грижа за светот во моментов

Инфлацијата е најголемата причина за грижа во светот во моментов, според анкета на „Ипсос“. Во анкетата учествувале речиси 20.000 возрасни лица од 29 држави. Околу 4 на секои 10 лица изјавиле дека инфлацијата е еден од најголемите проблеми во нивната држава.

Грижата за растечките цени е главна причина за грижа во светот веќе шест месеци по ред. На почетокот од 2022 година само 20 отсто од испитаниците изјавиле дека инфлацијата е значаен проблем.


Фото: Ipsos

Кога станува збор за другите проблеми кои ги загрижуваат луѓето низ светот, се издвојуваат сиромаштијата и општествената нееднаквост, криминалот и насилството, невработеноста, финансиската и политичка корупција и коронавирусот.

Многу земји имаат мерки за намалување на инфлацијата, но според испитаниците, многумина не се убедени дека нивната држава ги презема правилните мерки. Поточно, само 36 отсто од испитаниците сметаат дека нивната земја е упатена во вистинска насока кога станува збор за решавање големи проблеми.

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија