X
 15.02.2016 Технологија

Причини зошто талентираните жени се исклучени од технолошкиот свет

Сите сме слушнале за родовиот јаз во технологијата. Жените едноставно не се просперитетни во една од најветувачките области - а тоа не е поради нивниот недостаток на талент. Она што треба сите да го знаат е дека не е проблем само за жените, туку и за мажите.

 

zeni


Во само 5 години, ќе има милион неисполнети работни места поврзани со компјутерската наука. Технолошките компании произведуваат професии три пати побрзо отколку што една земја произведува компјутерски научници. Тука постојат извонредни можности. Потребно е да им помогнеме на жените да ги пополнат овие работни места и потребно е да делуваме сега.

Причините зошто жените не се одлучуваат за овие професии се комплицирани и верувам дека се следните:

1. Култура

Прво и основно, ова е проблем на културата. Стереотипот за софтверскиот инженер е дека тој е 25 годишно момче кое е бубалица и носи очила, асоцијална личност  и работи од визбата на неговите родители, јадејќи пица и пиејќи Ред Бул до 4 часот наутро. Секако дека во стереотипите постои мала вистина, и секако ова не е најаспиративната слика за една млада жена. Старите филмови како „War Games“ придонесоа за стереотипите, додека сликата за малите генијални бубалици е засилена во модерната поп култура преку телевизиските серии како што е „Silicon Valley“ на HBO И „The Bing Bang Theory“.

2. Малку идоли


Ова доведува до друга голема причина поради која постои родова нерамнотежа: Технологијата е лишена од женски идоли. Старата поговорка „Не можеш да бидеш она што не можеш да го видиш“ тука е точна. Младите девојки имаат мала улога во денешната технологија.

3. Лошо адаптирање во академската средина

На повеќето универзитети, мал број на жени се запишуваат на ваков вид на науки. Тие што ќе одлучат да се запишат уште од првиот ден, страдаат од негативна атмосфера и се чувствуваат како да не припаѓаат тука. Уште од првиот ден се смета дека мажите многу повеќе знаат за програмирање отколку самите жени. И тие често се во право. Дел од вината треба да се бара во индустријата за игри. Игрите традиционално се продаваат за момчињата, па до времето кога треба да се запишат на факултети, момчињата играле повеќе од 10 години. Преку пронаоѓање на „cheats“ и откривање на внатрешната работа на игри како „Call of duty“ и „GTA“, гејмерите можат да развијат разбирање на основите на програмирањето. Со неодамнешната експлозија на мобилни игри, постои огромна можност да се дизајнираат игри кои ќе ги привлечат девојките - и ќе создадат поголема блискост со кодирањето.

4. Сексизам


Секако, тука е и проблемот со старомодниот сексизам. Сакале или не, присутен е во културата па дури и во училниците и образовниот систем. Можеби не се презентира себеси како што се презентирал во 1960-тите, меѓутоа е суптилен и доста присутен. И со тоа, жените едноставно немаат шанса да се докажат.

Кое е решението?


Што жените треба да направат со овие предизвици? Тие мораат да бидат поагресивни; треба да престанат да се извинуваат постојано. Треба да бараат унапредување, покачување на платата и да веруваат дека се вредни за тоа напредување. Помладите жени треба да пронајдат спонзор кој ќе им помогне во нивната кариера.

Пред сè останато, жените треба да поддржуваат други жени. Често треба да работат понапорно од мажите за да ја докажат нивната вредност на работното место.

И за крај, потребни се машки сојузници. Тимовите со жени се попродуктивни, имаат повисока колективна интелигенција и постигнуваат повеќе резултати. Тимовите со жените имаат поширока перспектива која резултира со создавање на производи кои служат за поголема ширина на човештвото. Жените нудат разновидност, а разновидноста предизвикува иновации.

„Вистинскиот маж сојузник е оној кој е подготвен да ги брани жените кога нема ниту една жена во собата“. Затоа мажи, изборете се. Навистина ќе им помогне на жените.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија