Професорката Џули Аиткен Шермер од Универзитетот „Вестерн Онтарио“ во Лондон, Канада, дошла до идеја за истражување на психопатите и автомобилите додека го шетала своето куче.
Нејзиното истражување сугерира дека постои врска помеѓу изборот на гласни автомобили и одредени карактеристики на личноста, особено кај психопатите.
Истражувањето опфатило 529 студенти на додипломски студии, на кои им биле поставувани прашања за нивните преференции во однос на гласните автомобили и дали би ги менувале своите автомобили за да бидат погласни. Покрај тоа, секој субјект мораше да го пополни краткиот тест на личноста наречен „Темна тријада“ (SD4), дизајниран да идентификува нарцизам, садизам, психопатија и макијавелизам.
Била откриена силна врска помеѓу преференцијата за гласни автомобили и особини како садизам и психопатија, наместо очекуваниот нарцизам.
Професорката Аиткен Шермер објаснува дека тоа може да укажува на непочитување на туѓите чувства како и задоволството од влевање страв кај другите луѓе.
Во рамки на некои истражувања биле анализирани поврзаноста помеѓу типовите на личност, вклучително и психопатските особини и изборот на автомобил. Резултатите не се секогаш конзистентни, но одредени типови на автомобили почесто се поврзуваат со особини како нарцизам и преземање ризик, кои можат да бидат присутни кај луѓе со психопатски тенденции. Еве неколку интересни наоди:
Скапи, луксузни автомобили - Истражувањата покажуваат дека луѓето кои возат луксузни автомобили како Бе-ем-ве, Мерцедес или Ауди имаат склоност кон себичност, доминација и ниско ниво на емпатија. Овие автомобили се поврзани со слика на моќ, која може да привлече луѓе кои имаат нарцисоидни или психопатски особини.
Автомобили со големи мотори - Автомобилите кои имаат моќни мотори, како што се спортските автомобили, често се поврзуваат со оние кои бараат возбуда и ризикуваат, што може да укажува на антисоцијални карактеристики.
Возачи кои често ги прекршуваат сообраќајните правила и прописи - Некои истражувања покажуваат дека луѓето кои возат агресивно и често ги прекршуваат правилата (како на пример возење на црвено светло или непрописно претекнување) може да имаат особини на психопатија или асоцијално однесување.
Сепак, треба да се напомене дека возењето одреден тип на автомобил не мора да значи дека личноста има психопатски склоности. Овие наоди се засноваат на генерализации и модели на однесување кои не ги вклучуваат сите возачи.
Извор:
Nova.rs
Фото: Freepik