Островот Исдејл во Шкотска има само 60 жители. За разлика од другите острови во Шкотска, овој нема мостови што го поврзуваат со копното, а до него може да се стигне со мал траект.
Доналд Мелвил, кој 30 години живее таму, вели дека тој и неговото семејство се преселиле на островот бидејќи имале роднини што живеат таму, па чувството за заедница ги натерало да останат.
- Колку е помала заедницата, толку повеќе луѓе се вклучуваат. Заедницата е многу отворена за секој што сака да дојде, да се придружи и да помогне - вели тој.
Некогаш Исдејл имал 500 жители, но во 1861 година огромна бура предизвикала поплави во областа, при што биле оштетени каменоломите.
Островот често е посетуван од туристи од целиот свет, а најголемиот дел од нив доаѓаат од САД, Германија и од Шведска.
Посетителите се привлечени од природната дивина, животните, каменоломите и светското првенство во фрлање камења.
До овој остров се стигнува со мал траект, кој може да прими само 10 луѓе. Според Мелвил, некои посетители не одвојуваат време да го прочитаат редот на возење на траектот бидејќи претпоставуваат дека островот е поврзан со копното со мост.
Освен тоа, туристите честопати се облекуваат несоодветно кога доаѓаат на островот, па така многу жени го посетиле островот носејќи високи потпетици, што е прилично опасно.
Тој додава дека посетителите треба да носат водоотпорна облека бидејќи времето во Шкотска е многу непредвидливо.
Мелвил рече дека заедницата на Исдејл е тесно поврзана и дека немаат проблем да разговараат со странци. Но, тие не возвраќаат толку често.
- Смешно ми е што луѓето не зборуваат со нас, се чини дека не се толку социјални како нас - вели Мелвил.
Фото:
Wikipedia