Европската вселенска агенција во четвртокот објави ново видео од Меѓународната вселенска станица снимена од астронаутот Александер Герст.
На видеото може да се види „тајмлепс“ снимка од полетувањето на руското вселенско летало „Прогрес МС-10“, лансирано од космодромот Бајкноур во Казахстан на 16 ноември оваа година.
Снимките се речиси нереални и на момент изгледаат како компјутерска анимација. Но Герст, на неговиот твитер-профил потврдува дека станува збор за вистински снимки.
Снимките го прикажуваат вселенското летало на пат кон Меѓународната вселенска станица на полукружна патека што ја напушта Земјата. Камерата полека се движи низ лансирањето, се насочува кон вселената и го следи руското летало на кое се наоѓа екипажот.
Ова бил првиот успешен лет на руската ракета „Соујз-ФГ“, што во
вселената го носел леталото „Прогрес МС-10“, по проблематичниот обид за летање на 11 октомври. „Прогрес МС-10“ успешно се споил со Меѓународната вселенска станица.