X
 10.11.2022 Наука

НАСА повторно ја одложи мисијата „Артемис I“ поради најавено невреме

Американската вселенска агенција НАСА повторно го одложи лансирањето на ракетата во мисијата „Артемис I“. Ракетата треба да лансира сонда до Месечината.

Причината за новото одложување е силното невреме кое се подготвува во близина на Флорида. Затоа, лансирањето на ракетата е одложено за периодот од 14 до 16 ноември.

Јужно од Флорида се создава тропската бура „Никол“, за која не се очекува да стане ураган, но треба да ја погоди Флорида во наредните денови.



Од НАСА известија дека според временската прогноза, брзината на ветрот не треба да биде поголема од онаа што може да ја издржи ракетата, но го одложува лансирањето за да им остави време на вработените да се погрижат за нивните семејства и домови. Дел од вработените ќе останат во вселенскиот центар „Кенеди“ во текот на невремето за да ги следат условите.

НАСА го одложи лансирањето на мисијата поради ураган во септември. Претходно мисијата беше одложувана поради технички проблеми.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука