На 4 јули годинава роверот „Персевиренс“ го прослави 842. ден на Марс. На тој ден роверот направи фасцинантна фотографија од зајдисонце на Црвената Планета.
Ова зајдисонце е различно од оние зајдисонца на кои сме навикнати на Земјата. Марс е подалеку од Сонцето во споредба со Земјата, што значи дека светлината на Црвената Планета не е толку моќна како на нашата планета.
Марс добива помалку од половина од сончевата светлина отколку Земјата. Освен тоа, Марс има само еден отсто од атмосферата што ја има Земјата и таа речиси целосно се состои од јаглерод диоксид. Затоа, сончевата светлина реагира различно со атмосферата на Марс и со онаа на Земјата.
Синото небо на Земјата се добива при реакцијата на сончевата светлина со кислородот, азотот и другите состојки во атмосферата на Земјата. На Марс, сончевата светлина доаѓа во контакт со прашината богата со железо во атмосферата и затоа небото таму има црвеникава нијанса. Навечер, црвената боја се филтрира и небото добива сина боја.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија:
X