X
 02.02.2023 Технологија

Еве како „Нетфликс“ ќе го спречи споделувањето лозинки

„Нетфликс“ неодамна најави промени во моделите за претплата за да се спречи споделувањето на лозинките. Досега не се знаеше како платформата ќе ги спречи корисниците да ги споделат своите лозинки, но сега тоа е познато.

За да добијат постојан пристап до „Нетфликс“, корисниците треба да се приклучат на интернет-мрежа на главната локација, да ја отворат апликацијата или веб-страницата на „Нетфликс“ и да гледаат нешто од оваа локација барем еднаш на секој 31 ден.
Така оваа локација ќе стане основна, а корисниците ќе може да гледаат содржини и од други локации во меѓувреме, напишала компанијата.

Тоа значи дека доколку патувате, ќе може да гледате „Нетфликс“ со вклучување во профилот, но доколку сте на различна локација подолго време, вашиот уред може да нема пристап до платформата. Во овој случај, корисникот ќе може да побара привремен код кој треба да биде внесен за да продолжи со гледање.

Веб-страницата „Мешбал“ посочува дека документот во кој компанијата го објаснува ова повеќе не е достапен, што значи дека „Нетфликс“ може да смени некои детали пред да почне да ја применува мерката за спречување споделување лозинки.

Извор: Mashable
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија