X
 25.12.2020 Наука

Цвет стар 100 милиони години совршено зачуван во килибар

Повеќето цвеќиња имаат краток, но славен живот поради нивната убавина. Но убавината на еден посебен цвет зачуван во килибар „живее“ милиони години.

Тим воден од истражувачи на Универзитетот на Орегон го споделил откритието на нов цвет кој останал заробен во времето.

- Ова не е божиќен цвет, но е прекрасен, особено бидејќи бил дел од шума што постоела пред 100 милиони години - вели експертот за килибар Џорџ Појнар Џуниор.


Фото: OSU

Појнар е главен автор на истражувањето за откривањето на цветот кое било објавено во списанието на Институтот за ботанички истражувања во Тексас. Цветот е многу мал - широк е само 2 милиметри, но делот од цветот што произведува полен е совршено зачуван.


Фото: OSU

Истражувачкиот тим го именувал цветот, кој е нов род и вид, valviloculus pleristaminis. Истражувачите претпоставуваат дека машкиот цвет некогаш бил дел од група растенија што имале и женски цветови.

Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука