X
 01.04.2015 Наука

Дали птиците некогаш спијат?

Како и секое друго суштество во светот, птиците имаат потреба од одмор. Било докажано дека птиците може да живеат со помалку сон отколку луѓето. Птиците спијат само за да ги одморат мускулите и да заштедат енергија, но не и за да го одморат мозокот.


На пример, голем дел од морските птици спијат многу кратко. Морските ластовици слетуваат на водата многу ретко и може да летаат со години спиејќи само неколку секунди на одреден период. Сите морски птици летаат со помош на ветерот, па може да ја заштедуваат енергијата.

Повеќето птици се активни во текот на денот и се одмораат во текот на ноќта. Исклучок се птиците кои ловат ноќе, како бувовите и ноќните соколи. Птиците ги користат гнездата за размножување, но се одмораат во грмушки, на дрвјата и на земјата кога не се во опасност. На пример, повеќето патки спијат пловејќи, а некои спијат стоејќи.

Постојат птици кои спијат висејќи од гранките, најчесто со една нога. Тие не паѓаат на земјата бидејќи канџите може да им останат стегнати додека останатите мускули одмораат.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука