X
 26.01.2017 Живот

Никола Којо: Живееме во деградирано општество

Познатиот српски глумец Никола Којо смета дека денес младите се потпираат на информирање само врз основа на насловите и поднасловите и полуписмените коментари.

Којо, кој неодамна го објави неговото режисерско деби, „Стадо“, остро го критикува начинот на кој функционира општеството денес.

„Некако сите, не само актерите, туку како општество, сме деградирани. Дојде до владеење на обратни вредности. Многу често слушам коментари: „Што актерот има да кажува?“. Зошто само политичарите имаат право да се разбираат во се`? Зошто на другите им е забрането да коментираат?“, вели тој и додава:

„Социјалните мрежи ги принудија младите луѓе да читаат наслови и поднаслови и често да се потпираат на полуписмени коментари на некои „изгубени души“, кои со коментарите на интернет го креираат јавното мислење не само за актерите, туку и за сите паметни луѓе кои правилно го живеат својот живот“.

Којо вели дека сепак има надеж за подобро утре и не е сѐ изгубено.

„Од овца може да се стане волк. Мислам дека треба достоинствено да издржиме, ќе помине и таа фаза човек на човека да е волк. Фазата во која волците се намножени. Мислат дека со еден куп материјални работи ќе си купат бесмртност, наместо да се занимаваат со љубов и позитивна енергија“, завршува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот