X
 29.07.2023 Економија

Нов тренд во Кина - родителите им плаќаат на младите да останат дома

Литски Ли, која се занимава со фотографија, била исцрпена од притисокот да успее во работата и затоа се одлучила да прифати подобра понуда. Таа дала отказ и станала дел од многуте млади во Кина чии семејства им плаќаат за да останат дома.

Ли сега ги поминува деновите купувајќи намирници за семејството и грижејќи се за својата баба. Родителите ѝ даваат плата од околу 835 американски долари месечно, што е солидно за средната класа во помалку урбаните делови од Кина.

- Причината зошто сум дома е тоа што не можам да го поднесам притисокот на одење на факултет или на работа. Не сакам интензивно да се натпреварувам со своите врсници. Затоа се одлучив „да се превртам на грб“ - изјавила таа, користејќи популарна фраза која се однесува на одбегнување напорни работни часови или интензивно учење.

За возврат, таа се одлучила за традиционални семејни вредности и поедноставен живот.

- Не ми треба подобро платена работа или подобар живот, задоволна сум и вака - додала таа.

Се смета дека повеќе од десет илјади млади луѓе во Кина се повлекуваат во домот бидејќи не можат да најдат работа. Стапката на невработеност кај младите изнесувала дури 21,3 отсто во јуни, иако се смета дека процентот не е реален и е премногу оптимистички. Според некои експерти, вистинската стапка на невработеност кај младите изнесува околу 46,5 отсто бидејќи многумина не бараат работа и не се евидентирани.

Причините за таквата ситуација се едноставни и видливи низ светот. Младите имаат помалку можности од порано, конкуренцијата е поголема, а кога ќе најдат работа, таа не е толку добро платена како порано.

Извор: Antena Zadar
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија