Стриминг-платформата „Дизни+“ од летово ќе биде достапна во 42 земји и 11 нови територии во Европа, Африка и Западна Азија, а на листата се најде и Македонија.
Според известувањата, меѓу земјите во кои платформата ќе биде достапна од летово се и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Малта, Цена Гора, Србија, Словенија, Турција и други.
Сè уште не се откриени цените за користење на платформата.
„Дизни+“ беше лансирана во 2019 година во САД, Канада и Холандија и има 118 милиони претплатници. Во Европа, освен во Холандија, платформата сега е достапна и во Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Исланд, Ирска, Италија, Луксембург, Монако, Норвешка, Португалија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.
На платформата има филмови и шоуа од Дизни, Пиксар, Марвел, Војна на ѕвездите и Нешнел џиографик.
Извор:
Variety