Околу 31 година откако Кевин Мекалистер првпат остана сам дома во оригиналниот филм „Сам дома“, платформата „Дизни плус“ ќе прикажува нова верзија на филмот. Платформата премиерно ќе ја прикаже новата верзија од филмот на 12 ноември.
Во филмот, наречен „Home sweet home alone“, ќе биде раскажана приказна за Макс Мерсер, кој ќе остане дома откако неговото семејство ќе отиде на патување во Јапонија. Во меѓувреме, крадци ќе се обидат да влезат во куќата на Мерсер.
Во филмот играат Ели Кемпер, Роб Дилејни, Крис Парнел и Кинан Томпсон.
Извор:
Cnet
Фото: Twitter