X
 13.03.2021 Живот

Кој стриминг-сервис има најмногу претплатници?

Многу компании почнаа со стриминг-услуги во последните неколку години обидувајќи се да ги искористат дигиталните медиуми и да почнат таканаречени „стриминг-војни“.

Откако „Нетфликс“ од мала компанија за изнајмување на ДВД прерасна во познато име кое го има во речиси секое домаќинство, секоја медиумска компанија, од „Дизни“ до „Епл“, се стреми кон стриминг-сервис.

Пандемијата ги зацврсти темелите на дигиталниот стриминг, па овие услуги забележаа огромен раст во текот на минатата година. Иако се очекуваше дека многу нови услуги ќе се пробиваат на патот, претплатите за медиумски услуги забележаа голем раст.

Податоците во продолжение доаѓаат од здружението на медиуми FIPP, како и од индивидуални извештаи на компаниите и покажуваат кои стриминг-сервиси имаат најмногу претплатници.

striming
Кликнете на фотографијата за да ја зголемите

Гиганти за стриминг-услуги: „Нетфликс“ и „Амазон“

Со над 200 милиони претплатници на глобално ниво, „Нетфликс“ ја искористи својата позиција како прво и примарно име во дигиталниот видеостриминг. Компанијата има корисници од над 190 земји и доста разновидна содржина која постојано се ажурира. Токму затоа има повеќе од 50 милиони претплатници пред најблиската конкуренција.

Слично е и кога станува збор за аудиопазарот, каде што базата на претплатници на „Спотифај“ (144 милиони) е двојно поголема од онаа на „Епл мјузик“, која има 68 милиони претплатници.

Во меѓувреме, позицијата на „Амазон“ како втора најпопуларна услуга за видеостриминг со 150 милиони претплатници е изненадувачка. Сепак, претплатите на „Прајм видео“ се вклучени во членството на „Амазон прајм“, кој забележа огромен раст за време на пандемијата.

1
Фото: Visual Capitalist

Но, најзабележителен е брзиот раст на „Дизни“. И покрај тоа што „Дизни+“ беше лансирана кон крајот на 2019 година со бесмислена библиотека со содржини, брзо привлече корисници со подобрениот избор на содржини. Со речиси 95 милиони претплатници, има собрано повеќе претплатници за повеќе од една година отколку што „Дизни“ очекуваше да достигне до 2024 година.

1
Фото: Visual Capitalist

Прашањето е како сето ова ќе изгледа кога пандемијата ќе стивне и кои ќе бидат новите стриминг-услуги? „Пикок“ на „Ен-би-си јуниверсал“, на пример, достигна над 30 милиони претплатници заклучно со јануари 2021 година, но компанијата не открива колку од нив се претплатени корисници.

Извор: Weforum.org
Фото: Unisplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот