X
 26.02.2022 Живот

Онлајн интервју за работа: како да оставите најдобар впечаток?

Со оглед на тоа што многу луѓе веќе подолго време работат од дома, многу е веројатно дека вашето следно интервју за работа ќе биде спроведено преку интернет. Доколку не знаете како да се однесувате на онлајн интервју за работа, можеби следните совети ќе ви помогнат.

Гледајте право во соговорникот

За време на онлајн разговор, доколку камерата не ви е вклучена, тоа е исто како да ве нема и влијае врз вниманието на соговорникот. Затоа, користете ја камерата и одбегнувајте поглед настрана или надолу. Наместо тоа, гледајте право во соговорникот. Наместете ја камерата на нивото на очите и пробајте како ќе изгледа разговорот пред почетокот.


Фото: Freepik

Заднината не ви го чува грбот

Доколку се наоѓате во празна соба, тоа може да влијае врз звукот за време на интервјуто. Затоа одберете соба во која звукот нема да се одбива во просторијата. Меѓутоа, заднината треба да биде минималистичка за да не го одзема вниманието на соговорникот. Вашата околина зборува многу за тоа колку сериозно ги сфаќате разговорите.

Исправете се

Положбата на која стои компјутерот, како и камерата, е клучна. Не треба да изгледате згрбавени за време на интервјуто. Пред разговорот наместете ги масата и столот за да бидете исправени и да може право да гледате во соговорникот.


Фото: Freepik

Играјте со светлото

Дали некогаш се прашувате зошто познатите личности секогаш изгледаат добро на камера? Честопати одговорот е во доброто светло. Потрудете се да најдете вештачко светло или барем да седите покрај прозорец за време на разговорот. Сончевата светлина не треба да биде пресилна.

Облечете се како да одите во канцеларија

Се вели дека облеката го прави човекот. Затоа, заборавете на удобната тренирка и облечете кошула или нешто што би го носеле на интервјуто доколку би се одвивало во канцеларија. Кога станува збор за боите, одбирајте еднобојни парчиња, а не облека со многу детали бидејќи ќе му го одвлече вниманието на соговорникот.

Извор: Studenti
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот