X
 24.08.2015 Технологија

Технологијата создава повеќе работни места

Денес, еден од најголемите стравови на светското население е намалувањето на работните места поради напредокот на технологијата. Но, се чини дека ситуацијата е сосема спротивна.


Податоците од последните 140 години напредок во областа на технологијата покажува дека технологијата создава повеќе работни места отколку што елиминира. Истражување спроведено во Велика Британија покажува дека технолошките изуми ја зголемуваат финансиската моќ на потрошувачите, што носи повеќе работни места.





Потоа, се открива дека работните места стануваат помалку опасни благодарејќи на технологијата со тоа што професиите за кои е потребна физичка сила се преземени од роботите.


Освен тоа, технологијата го зголемува бројот на интелектуални професии.


Исто така, технологијата ја намалува потрошувачката на основни намирници, но и цените на скапите домаќински уреди, што им овозможува на потрошувачите да трошат повеќе на активности во кои уживаат.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија