Се подготвува серија базирана на книгите „Самрак“ (Twilight) од Стефани Мајер, по кои беа снимени повеќе филмови.
Американски медиуми пренесуваат дека биле ангажирани Вик Годфри и Ерик Фиг како извршни продуценти. Годфри и неговата продуцентска фирма „Темпл Хил“ ги продуцирале филмовите „Самрак“. Се очекува и авторката на книгите, Мајер, да биде вклучена во серијата.
Филмската франшиза „Самрак“ се состоеше од пет филма објавени помеѓу 2008 и 2012 година кои заработиле над 3 милијарди долари во кината низ светот. Роберт Патисон, Кристен Стјуарт и Тејлор Лотер ги имаа главните улоги во филмовите.
Веста за серијата доаѓа откако беше потврдено дека ќе се снима серија „Хари Потер“.
Извор:
Index
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)