X
 14.04.2022 Култура

Психолошки трилери што може да ги гледате на „Нетфликс“

Добриот психолошки трилер може да ви остане во мислите долго по гледањето. Платформата „Нетфликс“ има повеќе вакви филмови кои може да ви помогнат да заборавите на проблемите, но и да ве уплашат.

„Ноќни животни“ (англ. Nocturnal animals)

Оваа драма следи една жена која се опседнува со опасните симболи во записите на нејзиниот поранешен сопруг.


„Помеѓу светови“ (англ. Between worlds)

Во овој филм жена паѓа во кома по несреќа и сфаќа дека нејзиното тело е опседнато од друга жена.


„Платформата“ (англ. The platform)

Овој шпански трилер покажува дистописка иднина во која затворениците кои се во повисоките ќелии се хранат, а оние подолу умираат од глад.


„1922“

Ова е филм базиран на книга од Стивен Кинг. Во филмот фармер го признава убиството на својата сопруга.


„Во високата трева“ (англ. In the tall grass)

Една бремена жена и нејзиниот брат слушаат глас од момче во полињата и одат да го најдат. Кога се таму, тие се дезориентирани од мрачна сила и сфаќаат дека е подобро да бидат изгубени во тревата отколку да бидат пронајдени.


„Предупредувањето“ (англ. The warning)

Математички гениј открива шема на убиства во локална бензинска станица и на тој начин ја предупредува следната жртва. Но тоа е 10-годишно момче кое знае дека неговиот живот е во опасност, а никој не му верува.


„Ритуалот“ (англ. The ritual)

Четири пријатели одат во шведската дивина во чест на нивниот убиен пријател, но нивното патување не поминува како што очекувале.


„Тајна опсесија“ (англ. Secret obsession)

Млада жена страда од амнезија по насилен напад. Како што нејзините спомени се враќаат, таа не знае кому да верува.


Извор: Pop sugar
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура