X
 19.05.2020 Забава

Фиби открива дека серијата „Пријатели“ би била сосема поинаква ако се емитуваше денес

Снимањето на специјалната епизода на  „Пријатели“ е ставено на пауза поради пандемијата на коронавирусот, но актерите кои станаа познати поради истата серија постојано комуницираат со обожавателите преку социјалните мрежи.

 

Лиса Кудроу, актерката која ја играше Фиби во серијата, се осврна на некои коментари што младите обожаватели и критичарите ги имаа за серијата. Меѓу другото, на интернет се појавија коментари дека сите шест пријатели биле бели и иако живееле во таков град како Њујорк, ретко комуницирале со луѓе кои не се од нивната раса.

- Ох, би било комплетно различно. Сите актери не би биле бели, сигурно - изјавила Кудроу за „Д Сандеј тајмс“.



Фото: Wikipedia

- Не сум сигурна за другите работи, но според мене, на неа треба да се гледа како на временска капсула, не на она што било направено погрешно - изјавила Кудроу.

Актерката, слично како што нејзиниот колега Дејвид Швимер кажал порано, повторила дека многу делови од „Пријатели“ се сметале за револуционерни за телевизијата во тоа време.


Фото: Wikipedia

- Исто така, оваа серија се сметаше дека е многу прогресивна. Имаше човек чија жена открила дека е геј и бремена и тие го воспитуваа детето заедно? Имавме и сурогат-мајка. Во тоа време беше прогресивно - кажала Кудроу.

Швимер претходно признал дека е свесен за недостатокот на диверзитет во серијата и се борел за неговиот лик, Рос, да излегува со повеќе жени од друга раса.

- Една од првите девојки кои ги имав во серијата беше Азијка-Американка, а подоцна излегував со Афроамериканка - изјавил Швимер.

Извор: vulture.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава