Денот на трудот 1 Мај (среда) и понеделник (6 мај), вториот ден на Велигден, според православниот календар се неработни денови за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Исто така, од МТСП информираат дека Велипеток (3 мај) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.
Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честитаат претстојните празници.
Извор: МИА