X
 26.12.2018 Живот

Неработни денови во јануари

Владата на синоќешната седница одлучи 2 јануари да биде неработен ден за вработените во јавната администрација, со препорака истото да биде прифатено и од страна на приватниот сектор.

Дополнително, во текот на јануари 2019 година граѓаните на Република Македонија ќе имаат пет празнични, неработни дена.


Првиот ден од годината е неработен за сите граѓани на Македонија. Потоа, 6 јануари, односно Бадник, е неработен за граѓаните од православна вероисповед. Веќе следниот ден, односно првиот ден од Божиќ ќе биде неработен за сите граѓани на Македонија. Празнувањето на Божиќ го носи првиот од вкупно седумте продолжени викенди во кои ќе уживаме во 2019 година. Граѓаните од православна вероисповед ќе празнуваат и на 19 јануари, кога е Богојавление (Водици). На крајот, последниот неработен ден во јануари е 27 јануари, кога припадниците на српската заедница во Македонија го празнуваат празникот Свети Сава.

Листа со неработни денови за јануари 2019 година

За сите граѓани на РМ

• 1 јануари (вторник), Нова година;
• 7 јануари (понеделник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар;

За граѓаните од православна вероисповед

• 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божиќ;
• 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици);

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (недела), Свети Сава.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот