Вчера, на 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија заради непречено спроведување на изборите за претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.
Владината одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија.
Извор: МИА