X
 20.05.2023 Живот

Поучни арапски изреки: „Насмевката е убав збор без букви“

Следниве мудрости ќе ве поттикнат да размислувате за вашиот поглед на светот, концепт кој го вовел Имануел Кант во 1790 година и кој одиграл клучна улога во развојот на психоанализата. Во продолжение се 11 арапски изреки за погледот на животот, животните навики, љубовта кон семејството и пријателите.

- Детето игра со животот додека е мало, а потоа животот игра со него кога ќе порасне.

- Не може да се вратат четири работи: изговорен збор, фрлена стрела, поминат живот и пропуштена шанса.

- Раката што дава секогаш е над онаа што прима.

- Бракот е како тврдина - оној што е надвор, сака внатре, а оние внатре сакаат да излезат надвор.

- Насмевката е убав збор без букви.

- За совршено да сакаме некого, треба да го сакаме така како да ќе го нема утре.

- Подобро е да му се прости на пријателот отколку да го изгубите.

- Ти си господар на зборовите што не си ги изговорил, а роб на оние што си ги кажал.

- Она што ќе се случи еднаш, не мора да се повтори никогаш. Но она што ќе се случи двапати, сигурно ќе се случи и третпат.

- Срцето кое сака не ја гледа убавината.

- Најлошо што може да му се случи на некој човек е да биде без работа и да не сака никого.

Извор: Ona
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот