X
 26.05.2019 Живот

Незадоволна клиентка сакала да му врати производ директно на Џеф Безос

Незадоволна од производот и од несоодветната реакција на службата за корисници, лута клиентка (и акционерка) се обидела лично да му го врати пакетот на шефот на „Амазон“ на годишна конференција на акционери.

За време на неодамнешната сесија на прашања и одговори, неименуваната разочарана купувачка и акционерка се обидела да му врати пакет директно на Џеф Безос.

Која е причината? Клиентката веќе четирипати се обидувала да го врати производот по регуларен пат, но откако не ѝ успеало, решила да му се обрати на шефот.

За да не го упропасти состанокот со прашања и одговори докрај, Безос се обидел да ја смири ситуацијата со малку хумор.

- Се извинувам што рутинската процедура на враќање пакет сте морале да ја извршите на олку необичен начин. Има ли некој друг пакет што сака да го врати - прашал тој.

Враќањата во „Амазон“ обично се вршат преку страницата на компанијата или преку апликација. Клиентите одговараат на неколку прашања зошто го враќаат производот и ако е дискреционо враќање, тие плаќаат такса за достава за да го испратат назад во компанијата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот