Во својот прв оглас Џеф Безос барал „доста талентирани“ програмери кои ќе помогнат во воведувањето на тровијата на интернет, како и инженери кои ќе можат да создадат сложени системи за приближно третина од времето што повеќето компетентни луѓе можат да ги направат. За возврат, ќе добијат значаен удел во сопствеништвото на новата компанија.
Пазарната вредност на „Амазон“ денес се проценува на 908 милијарди долари, а Безос е еден од најбогатите луѓе во светот.
Еве го оригиналниот оглас, на англиски јазик.
Во тоа време Безос сѐ уште немал одлучено својата стартап-компанија да ја нарекува „Амазон“, наведува Бред Стоун во неговата биографија „The Everything Store“. Потенцијалните кандидати се пријавувале за работа во Кадабри, а
Безос тогаш размислувал за имиња како „Awake.com“, „Browse.com“, па дури и „Relentless.com“.