Бил Гејтс ќе вложи 4 милиони долари во проект за создавање генетички модифицирани комарци кои ќе се уништуваат меѓусебно преку сексуален чин, пишува „
Њујорк пост“. Станува збор за прилично храбар и необичен обид да ѝ се застане на патот на маларијата, смртоносна болест што вообичаено се пренесува преку убод од заразен комарец. Гејтс планира да вложи пари од сопствената хуманитарна организација.
(
Фото: Getty images)
Во план е да се создадат генетички модифицирани машки комарци што ќе се парат со женките во дивина.
Само женските комарци касаат, па генетички модифицираните машки комарци ќе бидат безопасни за луѓето.
Важно е што машките комарци имаат ген кој во текот на парењето се пренесува на женките. Благодарение на тој ген, потомците на оплодените женки умираат пред да пораснат. За оваа идеја заслужна е британската компанија „Oxitec“, која го нарекла производот „Friendly Mosquitos“.
„Oxitec“ веќе направила сличен потег во борбата против вирусот зика.
Во некои подрачја популацијата на комарци заразени со вирусот зика се намалила за речиси 90 отсто. Она што се разликува во случајот со маларијата е тоа што за комарците носители на болеста потребни се нови, генетички модифицирани комарци што ќе се парат со женките.
„Killer sex mosquitos“, како што ги нарече „
The Sun“, ќе бидат подготвени за проба до 2020 година.