X
 04.05.2021 Наука

Компанија пуштила 150.000 генетички модифицирани комарци во природата

Биотехнолошката фирма „Окситек“, финансиски поддржана од Бил Гејтс, ќе испушти стотици милиони генетички модифицирани комарци во Флорида за целите на експеримент. Минатата недела била пуштена првата група од 150 илјади комарци.

Контроверзниот проект предвидува пуштање генетички модифицирани комарци на шест локации во сојузната држава во следните неколку месеци. Според компанијата, проектот треба да помогне за намалување на вкупниот број комарци од видот aedes aegypti, кои шират болести како маларија.

Од компанијата известиле дека комарците што ќе се пуштат се машки и затоа не касаат. Тие ќе го намалат бројот на женски комарци од истиот вид поради ген кој предизвикува рано умирање на нивните потомци. Од компанијата изјавиле дека само 4% од сите комарци во регионот се од овој вид, но тие се одговорни за ширење на речиси сите болести.


Фото: Pixabay

Методот е контроверзен бидејќи се пуштаат генетички модифицирани видови во екосистем со потенцијално непознати последици. Критичарите посочуваат и дека ова може да поттикне други фирми да користат генетички модифицирани животни за други неконтролирани проекти.

Овој метод веќе бил тестиран во Бразил, каде што по 13 недели се намалиле видовите комарци за 95%. Истовремено, други институции работат на истражувања за генетичко модифицирање на комарците за спречување на ширењето на маларија.

Автор: Крис Јанг
Извор: interestingengineering.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука