Џек Ма пред 20 години заработувал по 10 долари месечно, а денес е во ранг на милијардер заедно со Бил Гејтс и Марк Закерберг.
Според последните податоци на американскиот бизнис-магазин „Форбс“, неговото богатство се проценува на 25,5 милијарди долари и се наоѓа на 57 место на листата на најбогати луѓе во светот.
- Пораснав учејќи за Кина како најбогата и најсреќна земја во светот. Првпат ја напуштив земјата во 1985 година. Отидов во Австралија со пријатели со кои се допишував. Кога стигнав таму, си помислив: Боже, работите се сосема поинакви од она што ми беше кажано. И тогаш почнав да размислувам поинаку - вели Џек Ма , основач и сопственик на „Алибаба“, една од највредните компании.
Порано бил професор по англиски јазик на кинески универзитет. Заработувал околу 10 долари месечно, но не успеал да се вработи како помошник менаџер во „Ке-еф-си“.
Со помош на пријател од САД научил како се прави веб-страница. Тој бил еден од првите во Кина што дури знаел дека постои интернет.
Истата година позајмил пари за да постави онлајн-реклами, во кои подоцна кинескиот „Телеком“ инвестирал 185.000 долари. Неколку години подоцна, во 1999 година, му биле потребни два часа да убеди 18 луѓе да инвестираат во првата онлајн-продавница во Кина.
Иако не ги разбирале повеќето работи што им ги кажал, му дале 60.000 долари. Така ја основал највредната компанија на светот денес.
Фото: Screenshot/YouTube
Зошто Кинез ја именувал својата компанијата по лик од арапска приказна?
- Седев во едно кафуле во Сиетл и ми дојде на ум приказната за Али Баба. Ја прашав келнерката дали знае за приказната и таа ми рече „секако“. Ми се допадна како име за компанијата па веднаш тргнав надвор од кафулето и на улица прашав десетина луѓе дали знаат кој е Али Баба. Сите знаеја: Американци, Германци, Индијци, сите, а потоа се одлучив за тоа име бидејќи е препознатливо за сите - вели Ма.
Уште пред да стане најбогатиот Кинез на светот, тој призна дека никој, па ни неговото семејство, не верувал во неговиот успех.
Подоцна ќе станат познати неговите изјави дека недостатокот на амбиција е виновна за тоа што луѓето се сиромашни.
- Има работи во светот кои се навидум неразбирливи, но не постои ништо што не може да се направи. Силата на вашата амбиција е одлучувачка за вашата иднина - ја објаснува својата филозофија Ма.
Тој смета дека луѓето се виновни ако имаат 35 години и немаат пари. Тој ги издвои и причините зошто луѓето се неуспешни. Првата е дека не ги гледаат или потценуваат можностите што им се нудат, не ги разбираат другите и не реагираат доволно брзо.
Ма тврди дека најголемата разлика меѓу шефот, односно лидерот и вработениот е тоа што вработениот има повеќе вештини, додека лидерот размислува подолгорочно, подобро го поднесува притисокот и има визија.
На прашањето кој е неговиот модел, Ма не го спомна Бил Гејтс или други техно-магнати.
- Навистина ми се допаѓа Форест Гамп. Го имам гледано филмот најмалку десетпати. Всушност, секој пат кога сум фрустриран, го гледам - изјави во една прилика Ма.
Како и Гамп во филмот, и Џек Ма не се истакнувал на училиште и често се чувствувал погрешно разбран. Како што објаснува, може да се поистоветува со Форест бидејќи ништо што доживеал не го променило како личност.
Ма важи за многу повлечена личност и досега е објавена само една фотографија од неговото семејство.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Screenshot/YouTube