X
 22.03.2021 Живот

Како да размислувате како гениј - совет што Ричард Фајнман им го давал на студентите

Ако немате висок коефициент на интелигенција, не значи дека не сте интелигентни. Освен тоа, начинот на кој ја применувате интелигенцијата е важен. Учењето различни начини за решавање проблеми и надминување на когнитивните предизвици ве прави попаметни. Дури и времето од денот во кое го решавате проблемот може да игра улога. Па, како може максимално да ја искористите интелигенцијата?

Физичарот Ричар Фајнман, добитник на Нобелова награда, бил познат по неговиот јасен и интерактивен комуникациски стил. За овој професор се зборувало дека бил брилијантен и дека одлично го објаснувал начинот на кој ја користел интелигенцијата.

Тој сакал да им дава корисни совети на своите студенти. Меѓу другото, тој им го откривал и својот метод за решавање проблеми. Според методот, постојано треба да имате на ум десетина проблеми кои најмногу ве интересираат, иако тие ќе бидат во „фаза на спиење“. Секогаш кога ќе слушнете или прочитате за нов трик или нова информација за решавање проблеми, тестирајте ја на секој од проблемите. Одвреме-навреме ќе наидете на навистина успешен трик кој ќе ве направи гениј пред другите.


Според Фајнман, за решавање комплексни проблеми не е потребна висока интелигенција, туку систем. Овој метод би можел да се примени на разни проблеми и претставува рецепт за нови и корисни идеи.

Решавањето загатки можеби ќе ви даде причина за фалење пред другите луѓе, но способноста за решавање проблеми и со тоа подобрување на светот е карактеристика која ја имаат само најголемите гении.

Автор: Џесика Стилман
Извор: inc.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот