X
 26.07.2019 Живот

Некои луѓе се послатки за комарците

Комарците најмногу ги привлекува јаглерод диоксидот, а постојат уште многу нешта кои влијаат на тоа кое лице комарецот ќе го избере како негова жртва.

Јаглерод диоксид

Луѓето кои имаат вишок килограми и трудниците поризведуваат повеќе јаглерод диоксид, па се полесна мета.

Повисока телесна температура

Повторно во опасност се луѓето со повеќе килограми и трудниците бидејќи нивната телесна температура е повисока. Исто така, луѓето кои вежбаат спаѓаат во оваа група бидејќи со активност се зголемува телесната температура.

Крвната група

Едно истражување покажало дека луѓето со крвна група 0 се попримамливи за комарците од оние со крвна група А.

Кожни микроби

На нашата кожа живеат разни микроби, а составот на микробите влијае на тоа колку колку нашата кожа им е привлечна на комарците.

Вежбање

Комарците ги привлекува и млечната киселина, која се излачува преку нашата кожа кога вежбаме или имаме каква било друга телесна активност.

Пиење пиво

Едно истражување покажало дека е доволно да се испие само едно шише пиво за да станете привлечни за инсектите. Не се знае точната причина за тоа, но сигурно е дека за одбрана од комарци најдобро е да се избегнува алкохол.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот