X
 26.09.2019 Живот

Од денеска абортусот е легален во цела Австралија

Од денеска абортусот е легален низ цела Австралија, откако државата Нов Јужен Велс гласаше за промена на стариот закон што го забрануваше тоа.

Актот донесен денеска ќе го замени законот стар 119 години, кој критичарите го опишаа како „многу застарен“.

Новиот закон им овозможува на бремените жени да одлучат за абортус до 22. недела од бременоста, а потоа двајца лекари треба да ја одобрат постапката.

Предлог-законот длабоко ја подели конзервативната влада на државата, по неколку недели расправа што му претходеше на усвојувањето.

Абортусот претходно беше можен во Нов Јужен Велс само доколку лекарот одлучеше дека бременоста е сериозен ризик за здравјето на жената.

Сите жени што ќе абортираа без дозвола од доктор ризикуваа затвор до десет години, а исто толкава беше казната и за лекарот што ќе го извршеше тој зафат нелегално.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот