Островот Клефт, нарекуван и Череп-карпа (англ. Skull rock), се наоѓа во рамките на националниот парк „Вилсонс промонтори“ во Викторија, Австралија. Станува збор за мал остров со необичен облик кој е долг 300 метри, а широк околу 200 метри.
Поради неговата положба, силните ветрови и бранови со текот на времето го обликувале островот, односно ископале пештера широка 130 метри, длабока 60 метри и висока 60 метри.
Многу туристи му се приближуваат на островот, но според официјалните статистики, само 9 лица се качиле на него. Тоа е помалку од бројот на астронаути што стапнале на Месечината. Причината за тоа е тешката пристапност до островот и високите карпи што се опасни за качување.
Еден од ретките среќници што го посетиле островот е шкотскиот новинар Неил Оливер, кој го направил тоа во телевизиска серија во 2015 година. Тој се спуштил од хеликоптер на врвот на островот и потоа влегол во пештерата. Во пештерата биле откриени топовски ѓулиња за кои се верува дека се од старите бродови што го користеле островот за вежбање.
Извор:
Pun kufer
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)