X
 16.08.2018 Живот

Во германскиот парламент пристигнува закон што признава дека постои трет пол

Германската влада вчера усвои документ со кој се донесува закон за воведување ознака „трет пол“ во изводите на родените, и на тој начин стана првата земја во Европа што ги признава интерсексуалните луѓе. Со постојните ознаки за „машки пол“ и „женски пол“, во изводите за родените сега ќе може да се наведе и „останато“, стои во текстот на законот.

- Никој не треба да биде дискриминиран поради неговиот полов идентитет - изјави министерката за правда, социјалдемократот Катарина Барлеј, додавајќи дека ваквата модернизација на граѓанското општество одамна требаше да се постигне.

Уставниот суд објасни дека законот го штити идентитетот на личноста која не може да го дефинира својот пол ниту како машки ниту како женски, со оглед на тоа дека кај неа и анализата на хромозомите укажува дека не е ниту маж ниту жена.

pol

Германското правосудно тело им даде рок на пратениците до крајот на 2018 година да изгласаат легализација на поимот „трет пол“. Досега, поточно од мај 2013 година, во Германија родителите можат да остават празно поле во кое се наведува полот.

Ова ќе биде првпат законот да признае дека постојат луѓе што не се ни мажи ни жени и дека постојат луѓе кои не се вклопуваат во традиционалните правни категории. Промената е воведена за да се намали притисокот на родителите да мора брзо да донесат одлука за контроверзните операции за приспособување на полот кај новороденчињата.

Германскиот закон го следи извештајот на Советот за етика, независно тело од експерти од 2012 година, кое тогаш заклучи дека луѓето со разлики во половиот развој страдаат поради општественото непознавање и недостигот на почит во медицинската професија. Во извештајот е цитирана изјавата дека луѓето родени во 1965 година без јасно дефинирани гениталии веднаш биле кастрирани без знаење на родителите.

И другите европски земји го следат германскиот пример. Холандија и Австрија работат на донесување закон за „трет пол“. Според ОН, помеѓу 0,05 и 1,7 отсто од светското население е интерсексуално.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот