Второто и последно затемнување на Сонцето во годината ги воодушеви набљудувачите на небото низ светот.
Делумното затемнување на Сонцето започна во 11:27 часот кога Месечината почна да го преминува Сонцето, а својот максимум го достигна во 12:34 часот и заврши во 13:42 часот. Затемнувањето беше видливо за набљудувачите низ поголемиот дел од Европа, како и на делови од Североисточна Африка, Блискиот Исток и Западна Азија.
Ова се некои од фотографиите што ги направија фотографите-аматери низ светот.
Извор:
Space.com
Фото:
Twitter