X
 14.01.2019 Наука

Што крие темната страна на Месечината: Кинескиот ровер испрати фотографии

Кина ги објави првите фотографии што нејзиниот ровер ги направил по слетувањето на спротивната, таканаречена темна страна на Месечината.

Фотографиите, прикажани на државната телевизија Си-си-ти-ви, ги прикажуваат роверот „Џејд Ребит 2“ и леталото „Чанг'е 4“ со кое бил однесен за време на првото слетување на спротивната страна на Месечината.

Фотографиите беа пренесени од релеј-сателит во контролниот центар во Пекинг, иако не е јасно кога биле направени. Прикажувајќи го роверот како се оддалечува од местото на слетување, официјалните лица од Кинеската национална вселенска агенција наведуваат дека ова е целосно успешна мисија.

View this post on Instagram

[Swipe for full effect] When you look up at the full moon, you only ever see one face, but scientists believe that the far side, eternally hidden from view, may hold the key to fundamental mysteries about the moon’s formation. Last week, a Chinese spacecraft made history by becoming the first to land on the far side of the moon. Today, China shared pictures showing a rocky surface with the jagged edges of craters in the background. Among the images is this 360-degree panorama stitched together from 80 photos. Researchers hope that low-frequency observations of the cosmos from the far side of the moon, where radio signals from Earth are blocked, will help scientists learn more about the early days of the solar system and the birth of the universe’s first stars. The pioneering landing also highlights China’s ambitions to rival the US, Russia and Europe with its space programme. Photo: CNSA

A post shared by The Guardian (@guardian) on

Фотографиите прикажуваат камени површини со остри врвови на кратери во заднина, што претставува предизвик за контролорите кои треба да ја испланираат рутата на роверот.

Меѓу фотографиите е и панорма од 360 степени склопена од 80 фотографии направени со сонда по излегувањето на роверот на површината на Месечината.

Темната страна на Месечината многу пати била набљудувана од орбитата на Месечината, но никогаш не била истражувана на површината.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука