На денот на дипломирањето на Винсент Ледвина, ѕвездите се усогласија за да може да создаде навистина спектакуларна фотографија. Не толку ѕвездите колку Месечината и Земјата; целосното затемнување на Месечината се случи во ист ден со неговата церемонија.
Вечерта спроти 16 мај 2022 година Месечината беше целосно во сенка на Земјата и се трансформира во црвено-портокалова топка. Ледвина, кој штотуку ја доби својата диплома по астрофизика, сметаше дека е совршено време да се фотографира во капа и наметка.
На фотографијата се гледа како Ледвина стои среде пат во Гранд Форкс, Северна Дакота, во близина на канадската граница. Околу него нема светлосно загадување, а можеме да ги видиме безбројните светкави ѕвезди и Месечината директно над него. Ледвина планирал да го фотографира затемнувањето, па сметал дека тоа е совршена можност и за уникатна дипломска фотографија.
- Никогаш не сум сретнал фотографии од затемнувањето со дипломиран студент, па си реков зошто да не - вели Ледвина. За негова среќа, Месечината се усогласи со пејзажот зад него, па неговата фотографија беше повеќе од успешна.
Фото: Vincent Ledvina
Во продолжение можете да погледнете и други негови фотографии.