Министерството за образование и наука ги известува сите ученици и студенти што се нови добитници на стипендија, односно ова право го имаат остварено на конкурсите за доделување стипендии за учебната/академската 2021/2022 година, дека писарницата во рамките на институцијата ќе работи и во текот на утрешниот ден, сабота од 9:00 до 16:00 часот, и ќе можат да се доставуваат потребните документи.
Согласно наведените информации при објавата на резултатите од конкурсите, сите апликанти чии пријави се прифатени и се наоѓаат на листите со добитници на стипендија имаат обврска од веб-страницата на МОН да го симнат соодветниот договор, да го пополнат во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достават до Министерството.
Резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии, заедно со инструкции за понатамошно постапување од страна на учениците, се објавени на следниот
линк, додека за студентските стипендии, информации можат да се најдат
тука.