X
 26.12.2019 Живот

Заев: Штетата во МНТ ќе ја платат „Шверцери“ или директорката Угриновска

Надоместокот од околу 4.000 евра за направената штета во Македонскиот народен театар (МНТ), при прославата на Денот за албанската азбука, ќе го плати навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“, а ако не го плати, тоа ќе го стори директорката на МНТ, Симона Угриновска.

Ова е одговорот на премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање на денешната собраниска седница во врска со немилиот настан што се случи на Денот на одбележувањето на албанската азбука. Тој нагласи дека таа штета мора да се плати.

- Имаме две штети, едната е материјална, а другата духовна. Во делот на духовната штета е тоа што културата никој не ја восприема на онаков начин на кој беше презентирана во МНТ, кој навистина бил отстапен за навивачката група по повод Денот на албанската азбука - рече Заев.

Премиерот потсети дека потпретседателот на Влада и министер за политички систем и односи меѓу заедниците го има организирано настанот и тој настан завршува некаде околу 20:30 часот, додека другиот, потенцира, се случува во 21.

- Нема договор. Значи да биде чисто, нема договор за таа работа во 21, направен е устен договор затоа што немало и време кога да се направи. Рефлексијата на тоа е и материјалната и духовната штета и некој треба да понесе одговорност - изјави од собраниската говорница претседателот на Владата.

Посочувајќи дека постои правилник за наградување и санкционирање, Заев информира дека согласно тоа, дале укажување да има дисциплинска постапка.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот