X
 04.12.2017 Образование

Премиерот Заев: Учениците имаат премногу предмети, а лошо знаење






Ќе се намали бројот на предметите во училиштата, а материјалот за реформи во првите три одделенија од основното образование, наскоро ќе се презентира на јавна дебата. Ова се само дел од новините кои на тридневната Конференција за образование во организација на УНИЦЕФ ги најавија премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Премиерот Заев изјави дека учениците во Македонија имаат премногу предмети, а имаат лошо знаење. На Македонија ѝ е потребен образовен систем кој во иднина само ќе се надоградува, а не постојано да се менува, рече тој и најави промена во неколку закони како и ревизија на наставните планови и програми и на учебниците.
- Следната година ќе почне и опремувањето на основните и средните училишта со современи лаборатории, што ќе придонесе во практичната настава и зголемување на интересот на учениците за наставните содржини. Планираме да го намалиме бројот на предмети во училиштата. Учениците да можат да ги стекнуваат знаењата главно на училиште, за да имаат повеќе слободно време дома - рече Заев.

Образложувајќи ги реформите во основното образование, министерката Дескоска истакна дека наскоро на јавна дебата ќе биде ставен материјалот за реформи во првите три одделенија од основното образование.
- Целта е да се понуди образование што ќе биде прифатено од децата и кое што ќе им понуди квалитетно образование особено во делот на јазичната и математичната писменост каде што Македонија е всушност и најслабо рангирана, рече таа.
Промените ќе бидат најнапред воведени во пилот училишта, а Дескоска најави измена на целокупниот наставен план за прво одделение како наставните содржини што се учат, оптовареноста на децата, како и методите на учење.

На конференцијата присуствуваат повеќе од 500 учесници кои ќе имаат можност да слушнат меѓународни образовни експерти од Светската банка, УСАИД, ОЕЦД, како и од Словенија, Хрватска, Албанија и Србија.
Подготвил: М.А.М.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование