Ако погледнете површно, видеото со кое „Бостон дајнемикс“ испрати новогодишна и божиќна честитка не е ништо посебно. Дедо Мраз прави салто наназад. Се разбира, не секој може да направи такво нешто, но тоа не е нешто што премногу би ги фасцинирало луѓето. Но, ако погледнете малку подобро, ќе видите дека салтото не го прави човек, туку робот.
Мора да признаете дека салтото го прави доста вешто, но треба да се знае дека нивниот робот и претходно има покажано слични гимнастички и други неверојатни вештини.
„Бостон дајнемикс“ пред повеќе од 10 години го претстави „Атлас“, со што неговиот напредок беше покажуван малку по малку: од одење и трчање преку носење ракети до скокање и салто. По сите овие подобрувања, компанијата објави дека е еден од најнапредните хуманоидни роботи направени до денес, кој може да се движи на начини кои ги надминуваат човечките способности. Исто така, додадени се нови алатки за вештачка интелигенција за машинско учење и компјутерска визија, така што роботите можат да се приспособат на новите и сложени ситуации во реалниот свет.
Компанијата, која е во сопственост на „Хјундаи“, и претходните години објавуваше божиќни честитки во кои главната улога ја имаа нејзините роботи каде што често во преден план беше кучето-робот „Спот“, кое еднаш ја влечеше санката на роботот Дедо Мраз.
Извор:
Zimo.dnevnik.hr
Фото: Screenshot/YouTube