X
 11.01.2017 Технологија

„Facebook“ воведува нови промени на својот „Messenger“

„Facebook“ од ден на ден се' повеќе го подобрува својот интерфејс, вметнувајќи ситни поправки кои многу корисници не можат да ги забележат иако многу значат.

 

fb


Иако повеќето корисници мислат дека тоа се однесува само на апликацијата, кога го отворате вашиот профил преку лап топ или компјутер - може да се забележат некои промени кои многу значат.

„Ако не беше споделено на „Facebook“, не се ни случило“, стара фраза која кружи низ интернетот, а со оглед на тоа што денес скоро секој има „Facebook“ може да се преформулира во тоа дека оној кој нема „Facebook“ профил, не ни постои.

Со тоа пристигнува прашањето - Како можете да видите кога некој се придружил на оваа социјална мрежа?

Кога ќе го отворите профилот на некоја личност, од левата страна под профилната слика се наоѓа „Intro box“, каде се наоѓаат основните информации за корисникот кои тој самиот ги има одобрено при самото поставување на профилот. Новост е тоа што сега може да се види од кога таа личност е корисник на „Facebook“ заедницата, што може да биде доста корисна информација ако се сомневате дека некој профил е лажен.

Оваа опција како и секоја друга, може да се исклучи и да не биде видлива за јавност.

Промени на „Facebook“ има претрпено и сандачето за пораки, односно „Inbox“. Кога ќе отворите „see all“ на персонален компјутер, од вашата десна страна можете да ги видите сите достапни информации за корисникот со кој разговарате.

Доста корисно, доколку разговарате со некој нов пријател, а воедно можете да видите што тој корисник постира на својот профил, што лајкнува и слично. Сето ова е достапно и на „Messenger“ апликацијата за паметни телефони со додатокот „Daily stories“ во вид на фотографија, кој функционира на принцип на „Snapchat“ или „Instagram stories“.

Трета новост се однесува на самото логирање. Имено, доколку својот компјутер го делите со некој член од семејството или некој друг, сега на самата почетна страница од десната страна се појавува фотографија од оној кој го користи компјутерот преку кој се лограте на „Facebook“, па повеќе не е потребно постојано да се пишува корисничко име и лозинка - само со еден клик на вашата слика се поврзувате со вашиот профил.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија